Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 јуни 2017
Во издание на Стрип центарот на Македонија со седиште во Македонија , а со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија , издадени се две броја од ревијата „СТРИП КРЕАТОР“. Тоа се изданијата бр. 25 и бр. 26
Во своето издавање оваа ревија има непроценлив придонес во развојот и афирмацијата на македонскиот стрип. Меѓутоа и ова списание е подложно на еволутивни промени кои ќе ја зголемат неговата прифатливост кај стрип публиката во Македонија и пошироко.
Она што дава специфичност во овие два броја, освен новитетите во неговиот дизајн што е заслуга на Александар Стеванов, секако е и содржината.
Имено ,покрај запазувањето на традицијата да во оваа ревија бидат претставени наградените и подобрите македонски стрипови од последниот 14 ти Интернационален стрип салон „ВЕЛЕС 2016“ ,внимание предизвикува и текстуалните осврти на Александар Стеванов за женскиот стрип во Македонија ,како и поранешното македонско списание „ИЛУСТРИРАН ЗАБАВНИК“.
Како заложба за реафирмирање и реактивирање на македонски стрип автори , меѓу другите застапени се Јорданчо Давидовски(професор од Куманово) како и:Ване Трајков -како сценарист, Мирко Бојаџиевски, Марија Стојановска, Александар Стеванов -како сценарист и цртач, Оливер Цветковски, Ненад Станчев и доајените Тоде Блажевски и Диме Иванов- Димано.
Традиционално, ревијата „СТРИП КРЕАТОР“ може да се набави кај издавачот СЦМ –Велес како и стрипарницата „БУНКЕР“ во Скопје.
Tweet |