Петар Печков
Објавено: петок, 08 мај 2020
Мебел и санитарии најмногу фрлија велешани од нивните домови, како габаритен отпад изминатиот месец април. Пролетната акцијата на прибирање на отпадот од на домовите ја изведоа вработени од ЈКП Дервен, а годинава беше деветта по ред. Услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна. Таа се изведе во месец април, но поради вонредната состојба со корона вирусот, имаше помал ефект отколку минатите години.
Под строги мерки за заштита и ограничување на контактите со сопствениците беше извршена услуга на 20 домаќинства и при тоа беше собран габаритен отпад со волумен од околу 80м³ кој беше депониран во општинската комунална депонија. Најголем дел од собраниот габаритен отпад е мебел и санитарии - изјавија од Општина Велес, по чиј налог се спроведе акција. Во ланската акција се собраа 170 м3, од стотина домаќинства.
Заради актуелната состојба, а со цел да им овозможи на граѓаните да го остварат правото на оваа бесплатна услуга, локалната власт ја продолжи акцијата до крајот на годината. Доколку имаат потреба од отстранување на габаритен отпад, граѓаните да не го оставаат на јавните површини, до контејнерите за отпад туку е потребно да се јават во ЈКП Дервен на телефон 043/233-768, секој работен ден од 7 до 15 часот, за да се договорат кога, во кој ден и термин да се преземе габаритниот отпад.
Tweet |