речник контакт

Во пунктот за масовна вакцинација, масовно вакцинирање на велешани

Вакцина примаат просветните работници од основно и средно, вработени во погони од текстилни конфекции и од производни погони, втора доза на лица од Повардарјето. Од утре во Велес започнува вакцинриање против ковид-19 и без закажан термин

Петар Печков

 
Во пунктот за масовна вакцинација во Велес,  се вакцинираат повеќе категории на лица, за заштита од ковид-19. Сите тие примаат кинеска „Синовак“.

„Почнавме вакцинација на просветните работници од средно и основно образование. Во тек е вакцинација на лица кои работат во текстилни конфекции, во фабрики каде има повеќе вработени  во погони. Оваа недела е голем опфатот на лица кои примаат вакцина. Вчера и денес се вакцинираа лица од Гевгелија, Неготино, Дамир Капија, Валандово и Богданци, со втора доза „Синофрам“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакциналниот пункт кој се наоѓа во спортската сала на средното училиште „Коле Неделковски“.

Истовремено во зградата на Здравствен дома, продолжува вакцинирањето  втора доза на лицата над 70 годишна возраст, кои примаат „АстраЗенека“. Тие ќе се вакцинираат до 13 јули.    

Од Општина Велес ги повикаа граѓаните од утре, 8-ми јули да се вакцинираат во пункот за масовна вакцинација, без пријава и без закажан термин.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »