речник контакт

Во реалноста стечајци, на хартија членови на Управен одбор

Стотина стечајни работници од некогашните велешки фирми се судруваат со проблемот да бидат избришани од листата на невработени, бидејќи Централниот депозитар се уште ги води како членови на Управни и Надзорни одбори.

Петар Печков

Иако дел од овие друштва се ликвидирани, за дел се води стечајна постапка, нивните членови на УО и надзорни одбори фигурираат како постоечки во евиденцијата на државните институции, па Агенцијата за вработување  ги информирала доколку не го решат нивниот статус, ќе се бришат како невработени. Тоа за овие лица значи губење на правото на добивање здравствена помош со сини картони.

За жал мораме да констатираме дека оваа категорија на невработени, кои се водиме како стечајни работници минеме низ нова голгота. Деновиве Агенцијата за вработување не извести дека сите ние што сме членови на Управни или Надзорни одбори не брише од нивната евиденција, согласно на Законот за вработени лица. Ова значи дека стотина лица ќе останат без сини картони, бидејќи како да докажеме дека сме уште членови на овие тела, кога тоа е обврска на стечајниот судски совет. Сите ние добивме отказни решенија уште пред неколку години – изјави Томо Крстиќ претседател на здружението СТРАВ ( кратенка од стечајни работници, технолошки вишок од Велес).

Според него проблемот е што Агенцијата за вработување потребните информации ги добива од Централниот регистар, до каде тие се обратиле. Од таму добиле информација која потврдува дека тие како некогашни членови на УО и Надзорни одбори не се избришани од оваа евиденција, бидејќи стечајниот судски Совет не ја доставил потребната документација.

Кој од државните институции ќе сноси одговорност за овој чин, кој не е по наша вина, туку поради несреденоста за државната администрација. Каква законска гилотина, какви олеснувања, ние се судруваме со праксата која е многу сурова и страшна по нас.  Ние ќе останеме без сини картони, не ќе можеме бесплатно да се лекуваме, да добивале лекови а сите сме под стрес поради нашата состојба и секој ден сме по доктори – изјави Крстиќ.

Тој потсети дека согласно законската регулатива, во зависност од бројот  на членови на УО, најмалку тројца од нив мораат да бидат од вработените во друштвото, кои денес тогашната привилегија, сега скапо ја плаќаат. Стечаен управник кој раководеше со неколку друштва во велешко, негира дека проблемот е до нив, а одговорноста ја лоцира на друга адреса.

Се што е до нас, е сработени според законската регулатива. Ние нашите документи од стечајната постапка, благовремено ги доставивме до Централниот регистар. Зошто од таму овие луѓе не се избришани не можам да кажам, бидејќи тоа е во делот на работата на оваа институција – изјави стечаен управник од Велес.

Но Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, ги опфати и претседателите на невладините организации кои исто се судруваат со можноста да бидат избришани од листата на невработени,  а тоа веќе им се заканува на педесетина лица од граѓанскиот сектор  од Велес. Толкувањето на Агенцијата за вработување е дека тие остваруваат приход, иако се ангажирани во  непрофитни здруженија. Поради ова Здружението за социјална правда ,,Ленка,, и агенцијата ,,Магна карта,, пред Уставниот суд повела постапка за уставноста на одредбата, по која претседателите на невладините организации треба да се бришат од листата на невработени  бидејќи остваруваат приход со работата  во нив.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »