Петар Печков
Објавено: вторник, 29 јули 2014
Од денес, вторник започна да работи специјализиран маркет за бела техника. Неговото отворање со специјални ниски промотивни цени, создаде гужви и редици пред влезната врата.
Точно во 9 часот се отворија вратите па потенцијалните купувачи навалија да дојдат до машини за перење од 7 илјади, фрижидери од 8 илјади, ЛЦД телевизори од 9 илјади денари.
Гужвата за други минувачи, предизвика внимание што се чека, што се отвора, така што пазарниот ден мина со повеќе посетители во маркетот отколку на пазар.
Tweet |