Петар Печков
Објавено: сабота, 03 септември 2016
Две лица од велешкото село Клуковец се притворени откако во близина на нивен објект е откриен насад од марихуана со вкупно 191 стебло со големина од еден до четири метри.
Стеблата се откорнати и ќе бидат предадени за вештачење на Одделот за крим.техника при Министерството за внатрешни работи, информира Министерството за внатрешни работи.
Претходно во саботата со обезбедена Наредба од надлежен судија, извршен е претрес во домот и помошни простории кај две лица од село Клуковец. При претресот пронајдено е и одземено едно огнено оружје пиштол калибар 6,35мм за кое лицата немале одобрение за поседување.
Во непосредна близина на објектот каде бил вршен претресот пронајден е насад од марихуана- вкупно 191 стебло со големина од еден до четири метри. Стеблата се откорнати и истите ќе бидат предадени за вештачење на Одделот за крим.техника при Министерството за внатрешни работи.
Во врска со настанот, две лица од село Клуковец се лишени од слобода и задржани во Полициска станица Велес. Се преземаат мерки за утврдување на поврзаност на лицата со пронајдените насади марихуана.
Tweet |