Петар Печков
Објавено: вторник, 20 август 2019
Се гради новиот дневен центар за стари лица во село Теово. Таму услуги ќе добиваат и жителите од повозрасната категорија, од околните села. Изградбата е финансирана од Здружението на пензионери - Велес и Општина Чашка а во вредност од 450 илјади денари. ,
Центарот ќе располага со простор опремен со мебел, бела техника како и друга опрема која ќе биде во функција на овозможување на разни општествени и социјални игри, каде што старите лица ќе можат да се дружат, да одбележуваат празници и родендени и да организираат разни работилници - рече Горан Стојановски, градоначалник на Општина Чашка.
Центарот ќе биде наменет за пензионирани или стари лица кои што живеат во свои домови а на кои во текот на денот им е потребно организирано да го минуваат времето со врсниците со кои имаат заеднички интереси во поглед на дневните содржини и активности.
Со партнерската изградба на Дневниот центар за стари лица во Теово, Општина Чашка наредната година ќе продолжи со изградба на уште два нови центри лоцирани во Долно Јаболчиште и Лисиче.
Tweet |