речник контакт

Во слава на родината и концерт на велешките музичари, за 20 години независност

Кои се настаните со кои велешани ќе ја одбележат 20 годишнината од независноста

Петар Печков

По повод 20 години од осамостојувањето на Република Македонија,  среда вечер, во 20:30 часот на летната сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк ќе се одржи традиционалната  музичка вечер „Велешки легенди“, со учество на 15-тина велешки исполнители и бендови, актуелни некогаш и сега.

Централната програма по повод празникот ќе се одржи на 8-ми Септември 2011 година, во 9:30 часот под наслов „Во слава на родината“ , на платото пред Спомен Костурницата. Со перформанс од актерите Слободанка Чичевска и  Васил Зафирчев, пијанистот Илија Настов, а во програмата ќе учестуваат и црковниот хор Св. Пантелејмон и децата од градинките.

Превозот за овој настан е обезбеден со автобус, кој ќе тргнува од 9 часот пред Трговски во Нова Населба и потоа од пред НА-МА. Од општината потсетуваат дека во содржините за овој јубилеј, биле и одбојкаскиот турнир и тенискиот турнир, кои се одржаа изминатиот викенд.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »