речник контакт

Во сообраќајка на товарно возило и патничко комбе 16 повредени

Сообраќајка се случила попладнево после крстосницата за Војница а пред влезот за населба Чашка

Петар Печков

Попладнево пред влезот за населба Чашка,а после крстосницата кон Војница,  на регионалниот пат Велес - Извор се случила сообраќајна несреќа, во која има бројни повредени. 

„На регионалниот пат Велес –  Извор во близина на крстосница за село Војница се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од 57-годишнот Б.Н. од Скопје и комби „Фолксфаген“ со велешки регистарски таблици управувано од 65-годишен О.Ј. од село Побожје, општина Чучер Сандево“- кажа Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

„Примен е повик во 14,50ч. за сообраќајка  на две возила на Долги рид. Повредени биле осум лица со контузии по телото, згрижени на лице место и пренесени на хируршко одделение. Други лица се  префрлени  во болница со приватни возила“ - кажа д-р Василка Пановска началник на службата на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом.

Од Велешка болница соопштија дека кај нив биле донесени повредените.

„Примени на хирургија се 16 лица. Од нив 14 ќе бидат пуштени дома, откако се извршени претраги и констатирани лесни телесни повреди. Кај едно лице на 57 годишна возраст,  има повреда на глава и во тек е опсервација а едно има повреда на лакот. За овие двајца повредени дополнително по завршување на прегледите ќе се знае натамошниот тек на лекување “ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, лице задолжено за односи со јавноста во оваа здравствена установа.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »