речник контакт

Во сообраќајка со мотор, велосипедист тешко повреден и итно пренесен за Ургентен во Скопје

Сообраќаjката се сучила пред 17ч. на ул. Димко Најдов, близу „Скривниците“

Петар Печков

Во сообраќајка која се случи попладнево (сабота), велосипедист е тешко повреден поради што е итно пренесен во Ургентен центар Скопје. Сообраќајката се сучила пред 17ч. на ул. Димко Најдов, близу „Скривниците“, кога се удриле моторист и велосипедист.  Со тешки телесни повреди се здобил Н.Б. (71 год) од Велес, кој бил веднаш префрлен во велешка болница.

 „Околу 17ч. донесен е пациент на Ургентен центар  повреден во сообраќајка, прегледан од доктор од хирургија, дадена неопходна здрвствена нега. Извршени се снимања на компјутерски томограф, констатирани повреди на пршлени и бели дробови и поради сериозноста на повредите во 18,30 со возило на болница, итно е пренесен во Ургентен во Скопје“ - соошти Марина Андова портпарол на Општа болница Велес.

СВР Велес со информација за сообраќајката.

На 27 април  во 16.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на улица „Димко Најдов“ во Велес, пред Стар мост, мотоцикл „интајлер“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.Г.(38 год) од Велес удрил во велосипед, управуван од Н.Б.(70 год) од Велес“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВР Велес.

По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причиниите за сообраќајката.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »