речник контакт

Во состојба на тешко пијанство син ги нападнал родителите во Градско

Кај лицето на возраст од 34 години биле измерени 3,35 промили алкохол во крвта

Петар Печков

Син во состојба на тешко пијанство, во Градско ги нападнал родителите. Тие побарале помош од полицијата, која за настанот информираше со следните детали.

„На 20 јули  во 15:00 часот во Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.П.(34 год) од Градско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 55-годишен татко дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговите родители и му се заканувал на неговиот татко. По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека С.П. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,35 промили алкохол во крвта“ – соопштија од СВР Велес. 

С.П. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали новината, коцкарници, казина да бидат 500 метрa подалеку од училиште, ќе ја намали зависноста од коцкањето кај младите?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »