речник контакт

Во средата вечер во дом во кичевско, во ѕидовите пронајдени две рачни бомби

Неексплодираните убојни средства е останати од Втора Светска војна

Петар Печков

Средата вечер,  22-ри јули,  после 19,30  во полицијата во  Кичево имало дојава  за пронајдени експлозивни направи. По оваа информација на лице место излегол  пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување - Подрачно одделение Кичево

Во селото Раштани - кичевско  при реконструкција на приватна куќа од страна на сопственикот, во ѕидовите се забележани непознати експлозивни предмети. Неексплодираните убојни средства се отстранети од ѕидот на куќата и е потврдено , се работи за две рачни бомби тип „BRERDA“ модел 35 од Италијанско производство останати од времето на  Втора  Светска војна- информираше Ефтим Митров, пиротехничар при ДЗС. 

Неексплодираните убојни средства, рачни бомби, биле  пренесени на безбедна локација и истите ќе бидат уништени на 28-ти јули годинава на армискиот полигон „Криволак“ заедно со други неексплодирани средства во планираната акција за уништување на неексплодирани убојни средства  која по трет пат во месец јули ја спроведува Дирекцијата за заштита и спасување.

Од Дирекцијата дополнуваат дека во средата пронајдени биле кај Миравци три други, неесклодирани  убојни средства и ќе бидат уништени вторник. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »