Петар Печков
Објавено: недела, 04 март 2012
Во сабтотата околу 13 часот на спојот од улиците АСНОМ ( поранешна Моша Пијаде) и Панко Брашнар ( во близина ан Управната зграда на Жито Вардар) се случила сообраќајна незгода во која учестувале мотор и комбето на АД Македонски пошти, соопштија од СВР Велес.
До несреќата дошло кога моторот марка ,,кавасаки,, управуван од Д.Ј. (33 год) во моментот кога се обидел да претекнува, удрил во поштенското комбе, управувано од С.М. кое вртело од улицата АСНОМ кон улицата Панко Брашнар, во правец кон полиција. При овој судар, според очевидците двете лица од моторот Д.Ј. и неговиот сопатник Д.А. ( 32 год) летнале високо преку комбето и завршиле на асфалтот.
Среќна околност е што не се здобиле со сериозни повреди. Според дежурниот доктор Влатко Вишинов и двајцата имаат повреди на главата, но се наоѓаат вон животна опасност, но затоа ќе одлежат извесно време во Болница.
Tweet |