Петар Печков
Објавено: сабота, 08 октомври 2016
Во сообраќајна несреќа која се случи во петокот напладне, загина едно лице а едно е тешко повредено. Според МВР сообраќајка се случила во 13.25 часот на регионалниот пат Велес – Градско, во близина на месноста викана ,,Венуле“.
Во неа учествувале камион „Сканија“ со штипски регистарски ознаки и приколка „Коегел“, управувано од Д.П.(1990) од Штип и камион „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Ц.(1959) од Пробиштип.
Од здобиените повреди на лице место починал Владо Цветанов (57 год) од Пробиштип. Смртта е констатирана од доктор од итната медицинска помош од Велес. На Д.П. му била укажана лекарска помош по што бил префрлен во Општа Болница -Велес каде му биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. Сообраќајот бил во прекин до 16.45 часот.
Tweet |