речник контакт

Во тек е дератизација на површините во градот

Тоа е мерка за заштита на населението од заразни болести, предизвикани од глодари и глувци

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, вторник, локалната власт започна со спроведувањето на пролетна дератизација на територијата на град  Велес. Тоа е основна,  општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Овие мерки се  предвидени во Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствена заштита за 2019 година. Постапката на дератизација ќе трае до крајот на неделава.

Третирањето  опфати  површина од 150.000 м2 го изврши компанијата ЛИСА-КОМ МК Кавадарци - велат надлежните од Општина Велес. 

Во рамките на активностите беа опфатени подрачјата на Градскиот парк, Градскиот стадион, паркот Каршијака, зелената површина кај Здравениот дом, Младинскиот парк, паркот кај Гимназијата „Кочо Рацин“, Железничка станица, паркот на Општина Велес, отворениот канал спроти ОУ „Васил Главинов“, паркот „Васил Главинов“, зелената површина кај споменикот на „Алексо Демниевски Бауман“,  игралиштето и паркот во населба Тунел. Дератизацијата продолжува и во наредните денови,  со двата брега на реката Вардар, паркот околу Автобуската, Потокот, како и на канализационите системи на ЈКП Дервен. Дератизацијата е постапка која се спроведува со цел уништување на глодарите, глувците  други преносители на одредени заразни болести како што се  салмонелоза, лептоспироза, туларемија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »