Петар Печков
Објавено: петок, 18 октомври 2024
На територијата на градот Велес и поблиската околина започна теренско третирање од земја, против ларви од комарци. Тоа е второ по ред, овој пат есенско а првото беше пролетоска. Ова третирање од земја против ларви од комарци, е општа мерка за заштита на населението од заразни болести.
„Теренското третирање од земја, против ларви од комарци, под надзор на стручно лице од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, се врши на територија од седум хектари покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание ќе се посвети на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување. Средството се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици “ – соопштија од Општина Велес.
Третманот се врши со препаратот FourStar MBG Multi-Brood Fourstar Microbial, Products, LLC United States, биолошки ларвицид за комарци во вид на гранули, се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува насочено само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно мапирани.
По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е операторот Трули Нолен НМ Дооел – Скопје, и согласно Елаборатот изработен од страна на Центарот за јавно здравје Велес, ќе бидат третирани следните локации:
Крајбрежјето на Езерото „Младост“, делот „Јарбош“, Градскиот Парк, Градски стадион, Младински парк, то течението на реката Вардар низ Велес, реонот на потокот и градските фонтани.
Оваа општа мерка за заштита на населението од заразни болести е предвидена во Програмата за активности на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2024 година. Општина Велес е една од седумте во земјава, која врши и теренско третирање по земја и авионско прскање против комарци.
Tweet |