Петар Печков
Објавено: среда, 13 мај 2015
Oвие денови во тек се градежни активности за хидроизолациона реконструкција и санација на кровот на подрачното училиште во село Клуковец.
По завршувањето на школската година, активностите за реновирање на училиштето ќе продолжат со уредување на внатрешните простории.
Во училиштето во с. Клуковец настава посетуваат 36 ученика, а истото е дел од ООУ „Васил Главинов”.
Проблемот со условите за работа во училиштето се актуализираше неодамна, кога кровот прокисна, па училниците на час седеа со чадори.
Tweet |