Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 јануари 2020
Деновиве започна реконструкцијата на старата водоводна линија на улиците ,,8. Март" и ,,Богдан Каракостев,, во Велес. Ова градежна активност е дел од проектот финансиран од Европска Инвестициона Банка, а се реализира преку Министерството за транспорт и врски. Вкупната должина на водоводните мрежи е 4 км а на канализационите линии околу 300 метри, се заедно во вредност од 625 илјади евра.
Вршиме увид на градежните работи, кои се однесуваат на водоводни и канализациони линии. Се работи согласно проектите кои локалната власт ги достави до Министерството. Тоа се десетина водоводни линии кои треба да се изградат. Овие проекти се исклучително важни за општините, за да ја подобриме комуналната инфраструктура - кажа Горан Сугаревски министер за транспорт и врски.
Дел од овој проект се и водоводните и канализационите линии на десетина други улици. Реконструирани во следниот период од година и пол ќе бидат, освен двете каде почнаа градежните активности и Благој Јосмов, Славјанска, Даме Груев, Орце Мартинов, Костурска, 8-ми Септември, Титовоужичка а канализацијата ќе се променува на Јовче Чучук, Орце Шутев. Градежните работи ги изведува ,,Делта пром,,.
Ова се исклучително важни проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Се работи за реконструкција на стари водоводни азбест цементни линии. Тие создаваа многу проблеми на граѓаните, па имаше често дефекти и прекин на водоснабдувањето, имаше и недоволен притисок во цевководите. Со нивната замена ќе се подобри водоснабдувањето и ќе се деблокира постапката за ставање на завршен асфалт , поточна за реконструкција на самите улици - изјави градоначалникот Аце Коцевски. Тој најави дека оваа година да биде најуспешна година на инвестициски план во Општина Велес.
Tweet |