речник контакт

Во текот на животот човекот просечно јаде 7,5 илјади животни

Парче по парче месо и во текот на животот собираме импресивна количина на изедени животни. Најмногу се јаде риба па кокошки...

Петар Печков

Малкумина размислуваат што јадат додека уживаат во скара или вкусна риба. Но, парче по парче месо и во текот на животот собираме импресивна количина на изедени животни.

Кај голем број луѓе потребата за протеини е посилна од се` поради што местото е често присутно на масата. Новите истражувања објавени од страната „The vegetarian calculator“ навистина ја шокираа јавноста.

Според нивните пресметки, еден просечен човек на планетата Земја,  кој живее 80 години, во текот на неговиот живот јаде околу 7.500 животни, а најмногу риба, дури 4.500. На второ место се кокошките, 2.400, и мисирките, 80 парчиња. Човекот јаде и 30 овци, 27 свињи и 11 крави, а разликата ја пополнуваат зајаците, патките, гуските, козите, раковите и лигњите. 

Иако и покрај овие бројки тешко дека ќе се откажете од месото, сепак треба да се земе во предвид дека при создавањето на нашите навики во исхраната, ако не поради хуманоста, ако не поради тоа море од живи суштества, туку поради еколошката катастрофа која и` се заканува на планета, треба да се обидеме да јадеме помалку месо. Според статистиката и екологистите  сточарството и земјоделството се вториот најголем виновник за глобалното затоплување, после тешката индустрија (поголем дури и од автомобилот).

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »