Петар Печков
Објавено: петок, 28 октомври 2022
Вработен во затворот во Велес, пријавил дека пронашол повеќе пакувања на хероин. За случајот известена била полицијата.
„На 27 октомври околу 16.10 часот во Полициската станица Велес, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово - Отворено одделение-Велес било пријавено дека во одводот на затворскиот тоалет, пронајдени се повеќе пакувања со хероин. Полициски службеници излегле на местото и дрогата била одземена за понатамошна постапка“- соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во велшки затвор казната ја отслужуват лица до пет годишен затвор.
Tweet |