Петар Печков
Објавено: петок, 06 јануари 2023
МВР информираше за три настани кои се случиле на Коледе и Бадник.
На 05.01.2023 (четврток) во 15.20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Љ.С.(55 год) од Велес, затоа што физички го нападнал неговиот 26-годишен син. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 05.01.2023 (четврток)во 11.10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода К.Д.(46 год) од Велес, затоа што физички ја нападнала нејзината 23-годишна снаа. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.01.2023 (петок) во 9 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Ц.(61 год) од Велес. При преглед кај него на Градскиот пазар во Велес и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени вкупно 842 парчиња пиротехнички средства. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.01.2023 (петок) во 15 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода К.С.(27 год) од Велес, поради тоа што со остар предмет се заканувал на неговиот 55-годишен татко. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Tweet |