Петар Печков
Објавено: вторник, 23 април 2024
Завршија пролетните акции за крводарување во средните училишта во Велес.
Во трите акции, реализирани изминатиот периоd собрани биле 73 крвни единици. Најмногу имало во средното училиште „Коле Неделковски“ 44, па во гимназијата „Кочо Рацин“ 17 и во Хемиското „Димитрие Чуповски“ 12.
Дарители беа ученици кои имаа наполнето 18 години возраст.
Поради малиот број на потенцијални дарители,малиот број матуранти, акцијата не е реализрана во економското училиште.
Крводарителна акција во средните училишта се реализира и во есен. Тие се организрани од Општинската организација на Црвениот крст на Велес и Заводот за трансфузиона медицина.
фото ФБ/ ОО Црвен крст Велес
Tweet |