Петар Печков
Објавено: среда, 11 декември 2024
Со вчерашната крводарителска акција во велешката Гимназија, заврши есенскиот дел од крводарувањето, реализирано во средните училишта во Велес. Во Гимназијата Кочо Рацин беа собрани 26 крвни единици а 15 од нив се првократни дарители.
Претходно во месец ноември и октомври исти вакви акции беа остварени и во средното училиште Коле Неделковски со 35 собрани крвни единици и во Хемиското Димитрија Чуповски 22. Поради малиот број на ученици во четврта година во економското Јовче Тесличков, таму акција не е организирана.
Или во овие три средни училишта собрани се вкупно 83 крвни единици, а дарители за прв пат се 51 лице. Организатор на акциите за доброволно дарување крв беше Општинската организација на Црвен крст Велес и Заводот за трансузиона медицина Скопје.
Исти крводарителски акции ќе се реализираат во овие образовни институции напролет.
фото: ФБ/ОО Црвен крст Велес
Tweet |