речник контакт

Во трите средни училишта во есенската крводарителска акција собрани 90 крвни единици

Од нив 42 се на првократни дарители. Петок крводарителска акција за прв пат во Маркард, недела за Денот на општината

Петар Печков

Во трите крводарителски акции реализирани во средните училишта во Велес, собрани се вкупно 90 крвни единици, од нив 42 се на првократни дарители.

Најмногу 46 има собрано во средното училиште „Коле Неделковски 46, во Гимназијата Кочо Рацин 23 и во Хемиското „Димитрија Чуповски“ 21.  Во Економското училиште неколку години не се реализира поради малиот број на ученици во четврта гдоина, кои се потенцијални дарители. 

Ваква крводарителска акција во средните училишта се реализира два пати годишно, на пролет и на есен. Пролетва годинава беа собрани 76 а лани есента 79 крвни единици. Или овогодишната есенска е меѓу побројните.

Ова седмица има две крводарувања, петок за прв пат во Маркард и недела ацкија за Денот на општината организирана од МК Носачи на крстот. 

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »