Петар Печков
Објавено: среда, 02 март 2022
Во вториот месец од годинава, февруари во вакциналниот пункт во Здравен дом Велес, аплицирани се 703 граѓани што е далеку помалку отколку во јануари со 1.246 вакцини за заштита од ковид-19. Или просек се аплицирале 35 на ден. Со прва доза се вакцинирани 77 -11 отсто, со втора доза 142 -20 отсто и со трета доза 484 лица, што е 69 отсто од тие што примиле вакцина во јануари. Ова се бројките добиени од ЈЗУ Здравствен дом Велес.
Освен од Велес тука доаѓаат да примат вакцина и граѓани од соседните општини Чашка, Градско и Лозово. Сите тие се вакцинирани со вакцината „фазјер“. Има и вакцини „Синовак“ за прва и втора доза и доколку некој пациент изрази желба, може да се вакцинира со неа. Трета доза е исклучуво „Фајзер“.
Во оваа бројка се и вакцинираните во домашни услови, на лица кои се болни, немоќни, неподвижни. Нивната вакцинација продолжува со претходна најава од страна на заинтересираните.
Tweet |