речник контакт

Во футсал дербито на Втора лига КМФ Кеги моби славеше над КМФ Клими

Пред почетокот на неделната средба, екипата на КМФ Кеги Моби му оддаде почит на нивниот тренер и поранешниот футсал фудбалер Ристе Гиовски

Петар Печков

Дербито  на третото коло на Втората футсал лига помеѓу велешки КМФ Кеги  моби и КМФ Клими од Кавадарци заврши со победа на домашните со 2:1 (2:0). Со ова велешката екипа останува на врвот, кој го дели со екипа н КМФ Астибо од Штип.   Токму овие два екипи играат следниот викенд во Велес, во салата Гемиџии. 

Пред  почетокот на неделната средба, екипата на КМФ Кеги Моби му оддаде почит  на нивниот тренер и поранешен фудбалер Ристе Гиовски.  На семејството Гиовски му беше доделена  плакета за пожртвуваноста на Ристе кон клубот, кој го водел волонтерски.  Гиовски почина на 25 август годинава, на 54-годишна возраст, откако ја загуби битката со ковид-19.

АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »