речник контакт

Во чест на Калина и Александар по 9-ти пат се искачуваше врвот Клепа

Учествуваа околу 350 учесници од повеќе градови кои минаа патека од 21 км.

Петар Печков

Вчера, недела, се случи 9-тото искачување на врвот Клепа (1.150 м.н.в.) во чест на трагично погинатите млади планинари Калина и Александар. Тие починаа при искачувањето на Кајмакчалан 2018 година.  

„Во 2018-тата  на Клепа дојдоа и се искачија Калина и Александар, за прв пат. Следниот викенд трагично го загубија животот при искачување на Кајмакчалан. Во нивна чест е ово искачување на Клепа, се додека ги споменуваме, тие се живи“- порачаа организаторите.

На годинашното искачување учествувале околу 350 учесници од повеќе градови на Македонија. Организатори беа  СПЕД „Клепа Росоман “ – Росоман заедно со ЕГ „Грин Пауер„ КПС „АЗОТ„ од Велес , финансиски поддржани од  општините Росоман и Градско.

 Искачувањето започна во 7ч. од село Сирково а маршот заврши во 15ч. На учесниците традиционално припадниците на АРМ им поделија ручек, бесплатно гравче во манастирот Св. Архангел Михаил  во близина н село Горно Чичево.

Клепа е средно висока планина во средишниот дел на Македонија, на десниот брег на реката Вардар, јужно од градот Велес во средното Повардарие. Поради стратешката местоположба, врвот Клепа долго време бил центар на воени бази и на фронтовската линија, така што на неговиот врв се наоѓаат остатоци од бункери, засолништа и археолошки наоѓалишта.

Учесниците за осумте часа пешачеа околу 21км. а воздушната разлика беше 1.055 метри. 

фото Општина Росоман/ Пандели Божиков

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »