Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 февруари 2017
Зимава полни раце работа имаа вработените од одделението за ортопедија во ЈЗУ Општа Болница Велес. Во периодот од 7-ми јануари до 31 март, период кога имаше врнежи и од снег и дебела снежна покривка, која потоа премина во мраз, во ова одделение се регистрирани 76 скрешници. Оваа бројка е невообичаена и отскокнува од останатите периоди во текот на годината, но и години наназад.
Имавме зголемена фреквенција на повредени граѓани. Тоа се должи на временските услови, снегот и мразот. Сит тие беа згрижени и со нив се постапуваше согласно протоколите – изјави ортопед д-р Кире Марковски, раководител на одделението за ортопедија и урологија.
Или во месец јануари просечно повеќе од тројца пациенти дневно доаѓале со скршеници.
Tweet |