Петар Печков
Објавено: вторник, 05 јуни 2012
Во 100 лушпи од јајце учениците од ОУ Рајко Жинзифов од велешкото село Горно Оризари засадија 80 различни видови на полско и саксиско цвеќе. Така, со оваа релјефна уметност децата го одбележаа 5-ти јуни Светскиот ден за заштита на животната средина. Со многу трпение, љубов и желба тие цела седмица работеа на оваа несекојдневна порака. Со ова дело учествуваа на конкурс за релјефна уметност од основните еко-училишта. Беа пријавени 31 тима од 14 основни еко-училишта а ученците од ОУ Рајко Жинзифов со ова нивно дело влегоа избраните осум тимови чии изработки се највисоко оценети на конкурсот за релјефна уметност.
Природата е силна но сепак толку кревка. Затоа да не ја уништуваме со нашето невнимание и да создадеме цврста обвивка со желба и знаења да го заштитиме растителниот и животинскиот свет од уништување и загадување. Само така ќе имаме поздрава животна средина. Се надеваме дека нашата мала порака ќе стигне до срцето на секој човек и за момент барем да помисли како може и тој да помогне за да се зачува биодиверзитетот на околината – е пораката која ја испратија учениците од ОУ Рајко Жинзифов, Аделина Мустафче, Мелиса Шалиќ, Јахович Семир, Шатара Семин, Табакович Нурдана, заедно со професорката Лила Арсова. За ова дело тие се наградени со престој на четиридневниот еко-камп организиран од ОХО, од 11 -14 Jуни во хотел ОСОГОВСКИ БИСЕР.
Tweet |