речник контакт

Воведена забрана за лов на диви птици

Таа е привремена и е поради опасност од ширење на птичји грип

Петар Печков

Министерството  за земјоделство, шумарство  и водостопанство согласно член 16 став 4 од Законот за ловството донесе забрана за ловење диви птици.

Како што соопшти, забраната е привремена и се однесува на цела територија на Република Македонија поради опасност од ширење на птичји грип.

Забраната за ловење диви птици стапува во сила веднаш и ќе трае до нејзино отповикување.

Надлежните посочуваат до граѓаните ако пронајдат мртва птица, да не се допира туку веднаш да се информира до најблиската Ветеринарни станица. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »