Петар Печков
Објавено: петок, 10 ноември 2023
По извршените мерење од 2 ноември, Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Велес, соопшти дека водата за пиење во водоводната мрежа во селото Сливник не е за пиење.
„Испитаниот примерок на вода за пиење не одговара на законските и стручни прописи за бактериолошка анализа заради зголемен број на аеробни бактерии. потребно е да се воспостави редовна дезинфекција на водата за да може да се користи за пиење“ - соопштија од ЦЈЗ.
Испитувана е водата од водоводот во школото.
Tweet |