Петар Печков
Објавено: четврток, 05 ноември 2026
Водата што ја пијат жителтеи на село Црквино од селскиот водовод и од чешмата среде село е исправна и таа може да се користи. Ова го покажале анализите на примероци земени на 16 октомври, од стана на Центарот за јавно здравје Велес. Истите беа објавени на веб страната на Општина Велес.
За чешмата среде село пишува дека испитаниот примерок вода за пиење одговара за употреба согласно прописите за безбедност на водата.
Водоводот во село Црквино, примерок земен од школото, анализите покажале дека водата за пиење ОДГОВАРА на законските и стручни прописи во однос на испитаните параметри за бактериолошка и физичко-хемиска анализа. Потребно е да се врши редовна дезинфекција на водата за да може да се користи како вода за пиење.
Според пописот од 2021 година селото имало 353 жители.
| Tweet |




