Петар Печков
Објавено: сабота, 03 јуни 2023
Водата во црквата Св. Петка близу до манастирот Св. Димитрија крај Велес е лековита. Ова го велат од велешкото свештенство.
„Ова место има свети води, кои од три страни се слеваат во црквата Св. петка, во тамошниот кладенец. Таму не само велешани туку и други жители, кои дознале, попатно застануваат, доаѓаат од сите страни на Македонија и црпат од тој извор. Многу луѓе нашле исцеление од нивните болести. Тука има три светилиште Св. Петка, Св. Димитрија и Св. Никола. Светите води од нив се слеваат во тој кладенец. Познавме наши сограѓани, луѓе кои секој ден прво нешто што прават наутро, доаѓаат тука па потоа заминуваат на работа. Се случиле многу исцеленија“ - кажа прота Ристе Јанушев.
Tweet |