речник контакт

Водата на езеро Младост исправна за капење, водата во долен тек на Бабуна бактериолошки неисправна

Не се земаат повеќе мостри за квалитетот нa водата на река Тополка, во нејзиниот долен тек

Петар Печков

Водата во Езерото Младост е исправна за капење и рекреација додека реката Бабуна во нејзиниот долен тек  не е за капење, покажуваат последните тестирања на Центарот за јавно здравје во Велес а кои ги објави локалната власт. Резултатите од Градска плажа 1, која од минатата година е уредена и има најмногу капачи во текот на летото, може да се користи за капење.

„Направени се хемиски и  микробиолошки тестирања на мостри земени од неколку места на езерото и според добиените резултати параметрите се во максимално дозволените граници. Резултатите од лабораториските анализи на мостри земени од водата на Градска плажа бр.1, покажуваат дека во однос на микробиолошките индикатори, водата е исправна, додека според физичко-хемиските параметри водата по матност е во 5-та, а по однос на другите параметри е во 2-ра и 1-ва класа“ - соопштија од локалната власт.

Река Бабуна, во нејзиниот долен тек  не е дозволена за капење.

„Анализите на Центарот за јавно здравје, направени на мостри земени на мерно место плажа 1, над кланица, покажуваат дека е бактериолошки неисправна и во неа се содржи бактеријата ешерихија коли. По матност водите на реката се во 5-та класа и во 3-та класа по бактериска контаминација“ - информираа од Општина Велес. 

Поради овие податоци,  водите на реката Бабуна во нејзиниот долен тек,  не може да се користат за капење и рекреација и за наводнување на земјоделски површини.Центарот за јавно здравје не зема повеќе мостри за квалитетот нa водата на река Тополка, во нејзиниот долен тек.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »