речник контакт

Водата од селскиот водовод во Башино Село забранета за пиење

Била утврдена неправилност поради која водата не смее да се користи за пиење

Петар Печков

Агенцијата за храна и ветерина ја забрани за користењe водата од водоводот во Башино Село. Решението е од 16 септември, а локалната власт информацијата ја објави на нејзината веб страница. 

„Се забранува користење на водата за пиење од селски водовод во Башино село. Поради утврдена неправилност, водата не смее да се користи за пиење, сè до укинување на забраната од страна на надлежниот орган“ – соопштија од Општина Велес. 

Ги повикуваат жителите доследно да ја почитуваат изречената забрана и да постапуваат согласно насоките на надлежните институции.

На локацијата било поставено соодветно предупредување со натпис “ВОДАТА НЕ Е ЗА ПИЕЊЕ”, а Општината ќе ја информира јавноста веднаш по добивање на официјална потврда дека водата е безбедна за употреба.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »