Петар Печков
Објавено: вторник, 25 јуни 2019
Резултатите од испитувањата на квалитетот на водата на езерото Младост, покажуваат дека тие можат да се користат за капење. Испитувањата за месец мај, извршени на и за месец јуни извршени на 17-ти, од три плажи, покажале дека водата е квалитетна за капење. Се земале вредности за три плажи, плажата на влезот од Велес, потоа кај бродот Панини и пред Мотелот ,,На Велешко,,. На 31 мај земена е мостра од плажата пред Хотел ,,Романтик,,.
Сите вредности покажуваат дека микробиолошки е одлична за капење, додека кај физичко -хемиските параметри има матност, сатурација и присуство на амонијак, кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето.
Квалитетот на водата е испитуван од страна на акредитираната лабораторија на Центарот за јавно здравје Велес.
За плажата на влезот од езерото пишува:
,,Анализираната мостра на вода по однос на микробиолошките индикатори е оценета ОДЛИЧНА,а по однос на физичко -хемиските параметри одговара на 3-та класа по присутна матност, сатурација и присуство на амонијак, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. Од извршените испитувања и стручната анализа се заклучува дека водата на Езеро Младост на мерно место Плажа бр.2 може да се користи за капење и рекреација и покрај отстапувањето од бараната 2-ра класа на некои физичко- хемиски параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето,,.
Плажата пред бродот ,,Панини,, е со следенети оценки на квалитетот на водата.
,,Анализираната мостра на вода по однос на микробиолошките индикатори е оценета ОДЛИЧНА,а по однос на физичко -хемиските параметри одговара на 5-та класа по присутна матност, 4-та класа по сатурација,3-та по присуство на амонијак, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. Од извршените испитувања и стручната анализа се заклучува дека водата на Езеро Младост на мерно место Плажа бр.3-пред брод Панини може да се користи за капење и рекреација и покрај отстапувањето од бараната 2-ра класа на некои физичко -хемиски параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето,, .
Плажата пред мотел ,,На велешко,, е со следните квалитети:
,, Анализираната мостра на вода по однос на микробиолошките индикатори е оценета ОДЛИЧНА,а по однос на физичко -хемиските параметри одговара на 4-та класа по присутна матност и сатурација, 3-та по присуство на амонијак, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. Од извршените испитувања и стручната анализа се заклучува дека водата на Езеро Младост на мерно место „Мотел на Велешко „ може да се користи за капење и рекреација и покрај отстапувањето од бараната 2-ра класа на некои физичко -хемиски параметри кои не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето,,.
Анализираната вода на плажата пред Хотел ,,Романтик, извршена на 31 мај е со следните вредности:
,,Анализираната мостра на вода по однос на микробиолошките индикатори е оценета ОДЛИЧНА,а по однос на физичко -хемиските параметри одговара на 5-та класа по присутна матност, а по однос на останати испитани параметри е во 2-ра и 1-ва класа. Од извршените испитувања и стручната анализа се заклучува дека водата на Езеро Младост на мерно место „ПЛАЖА Хотел Романтик„ може да се користи за капење и рекреација и покрај отстапувањето од бараната 2-ра класа по однос на зголемена матност која не се одразуваат штетно по здравјето на луѓето ,,.
Или водата во езерото може да се користи за капење и рекреација, а нејзиниот квалитет се проверува во текот на летниот период на секои 15 дена од страна на Центарот за Јавно здравје Велес.
Од Општина Велес потсетуваат дека сите поголеми угостителски објекти се приклучени на Регионалниот колектор за фекална канализација кој минува околу езерото. Во периодот кој претстои ќе се изврши предавање на колекторот на стопанисување на ЈКП Дервен за што е започната постапка која се води од страна на општината.
Tweet |