речник контакт

Водата од езерото Младост е времено забранета за капење поради присуство на цијано бактерии, но потребно е да се испита има ли и кое количество на цијално токсини

Водата од езерото е во состојба „алерт2“

Петар Печков

 

Водата од акумулацијата езеро Младост, крај Велес е времено забранета бидејќи во неа се пронајдени цијано бактерии. Но треба дополнително да се испита дали има цијано  токсини. Ова беше кажано на седницата на Советот на Оштина Велес, каде се разговараше по информацијата за состојбата на езерото. Докторката Ивана Горгиевска, од Центарот за Јавно здравје Велес, за прв пат во јавност го елаборираше извешајот на Хидро Биолошкиот Завод (ХБЗ) од Охрид, чии анализи покажа дека водата во акумуилацијата е со лош квалитет, ризична за опстанокот на живиот свет, ризична по здравјето на  капачите.

„Водата е забранета за капење бидејќи е докажано присуство на цијано бактерии. Правилникот не ги споменува тие бактерии како елемент за дозвола за капење и доколку водата не ја испитуваше Хидробиолошки  завод, немаше да се констатира дека цијано бактеријата  постои во езерото Младост. Во 2016 тие колиформни бактерии се исфрлени и не треба да се проверуваат во сезоната на капење, туку само ентеро коките и ешерихија коли, кои предизвикуваат гадење, повраќања.  Врз основа на резултатите  на ХБЗ Охрид,  донесена е „алерт2“ забрана за капење, која е времена се до моментот на докажано присуство на цијано токсини.  Или водата на акумулацијата Младост има цијано бактерии, но не знаеме дали излачуваат цијано токсини. Има 60 илјади цијано бактерии од нив 200 се бактерии кои го лачат тој цијано токсин. Следно нешто што треба да се направи е да се докаже присуство/ отсуство на цијално токсин и потоа негова концентрација“ – кажа д-р Горгиевска. 

Со ваков проблем во Македонија се имаат соочено со водата од акумулацијата Берово, во 2009 година, тогаш таму била со карактеристична розева боја. 

„Во случајот со Беровско езеро е докажано присуство на цијано токсини, во рамките на максимално дозволени концентрации (МДК), што значи езерото било безбедно за евентуалните капачи. СЗО нема податоци за езера кои имаат цијано токсини и за нивното влијание врз капачите, ако цела сезона човек се капе во таква вода, како тоа ќе влијае на неговото здравје. Овој „алерт2“ за велешкото езеро Младост,  ја известува јавноста дека има присуство на цијано бактерии. Тоа во пракса значи да не се допираат тие зелени теписи по површината,  да не се консумираат ниту од луѓето ниту од животните.  Битно е во нашиот случај да знаеме дали има присуство на цијано токсини“- дополни Горгиевска.

Најблиску каде може да се испита водата за присуство/отстуство на цијано токсини е во Словенија.Таму се испитува и евентуалната нивна концентрација, во други лабаратории на Балканот таква можнсот немало. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »