Петар Печков
Објавено: понеделник, 11 јули 2022
Центарот за јавно здравје Велес, соопшти дека водата за пиење, од природната чешма во Башино село не е за пиење. Ова го покажале резултатите од последниот Извештај од извршена анализа за здравствена безбедност на водата за пиење од природна чешма БАШИНО СЕЛО на 11.07.2022 год.,
„JЗУ Центар за јавно здравје – Велес дава стручно мислење дека примерокот од вода има присуство на Колиформни бактерии (индикатор на фекално загадување) и дека водата е неисправна за пиење, не соодветствува на прописите за бактериолошка анализа. Оваа вода не може да се користи како вода за пиење“ –соопштија од ЦЈЗ Велес..
Побарано е од ЈКП Дервен да изврши соодветен третман на водата во каптажата .По извршениот третман ќе се изврши контролна проба на водата од чешмата, а за квалитетот на водата граѓаните ќе бидат навремено известени. Дотогаш таа не треба да се користи за пиење.
фото архива ТрМр
Tweet |