речник контакт

Водовод се гради, борови се сечат

Сечата на повеќе стотина дрвја е на патот кон езеро Младост

Петар Печков

За потребите на изградбата на водоводната мрежа, со која треба со вода за пиење да се снабдува околината на езерото Младост, започна поставувањето на водоводните цевки. Неколку километарската траса од реонот на Речани и Башино село до езерото минува и низ боровата шума која е на патот кон акумулацијата, една од ретките во околината на градот. Заради ова исечени се повеќе стотина дрвја, борови.

За ова појава не реагираа велешките екологисти, ниту едно од бројните здруженија. Но затоа имаше реакции од граѓаните кои минуваат минатата седмица  низ овој дел. Тие се чудеа зошто толку борови, според нив околу илјада дрвја,  се сечат и дали за ова има покритие. Велат дека  камиони на шумското, кое ја вршеле сечата, ги пренеле исечените борови. Одговорот стигна од локалната самоуправа на Велес.

„Исечени се борови кои се на делот од трасата по која минува водоводната мрежа, која ќе го снабдува езерото Младост со вода за пиење. Наместо од нив ќе бидат засадени нови борови, повеќе отколку што беа отстранети. Во тек е изградбата на цевководот од градскиот водовод до крајбрежниот појас на езерото Младост. Со изградбата на цевководот со квалитетна вода за пиење од хидросистемот „Лисиче“, од кој се снабдува Велес, ќе се снабдуваат и објектите околу крајбрежниот појас на езерото, како и Башино Село, населбата Речани и селото Отовица“– изјавија од Општина Велес.

Претходно локалната власт не можеше да започне со изградба на водоводот, оти трасата минуваше низ неколку приватни парцели, чии сопственици не дозволија да се постават  таму. Поради ова од Светската Банка побараа, каде Општина Велес се задолжи за изградбата на водоводот со 42   милиони денари, мораше да се менува трасата, тоа пак предизвика пролонгирање од една година од поставувањето на цевките.

Со нив треба езерото Младост  и околината да добијат вода за пиење, со што градежните парцели би биле атрактивни за купување. Така боровата шума стана колатерална штета заради водоводот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »