речник контакт

Водоводот поправен ама улицата остана не покриена

Ул. Стефан Димитров два месеци чека да се санира по извршената реконструкција на водоводната мрежа

Петар Печков

По каллива улица  секојдневно една седмица пешачат жителите на  Стефан Димитров, во населба Керамидна.   Откако  на почетокот на јули, ЈКП Дервен извршил проемна на водоводната мрежа, а претходно бил  отстранет поставената подлога, цемент, никако  да се врати претходната состојба во улицата.

Дваесетина куќи и стотина жители, два месеци мака мачат да излезат од дома а при тоа на се избербатат, посебно по последните дождови.

ЈКП Дервен ја раскопа улицата, за промена на водоводна мрежа. Четири пати ја прекопуваа, додека  не завршија. Додека се работеше, со денови немавме вода  среде лето, во најголемите жештини. Сами си ископавме  нов довод од куќите го главната  цевка. Но се се заврши.   Поголем дел од семејствата имаат деца, кои одат на училиште. А како ќе стасаат, калливи до гуша. Постарите леб и млеко да купат, лом се прават.  Водата се собира, нема одвод, влегува  во подрумите од куќите – велат станарите  од улицата,  која е во соседство на Луј Пастер.  

Им било ветено дека за кратко време ќе се асфалтира, ама минале два месеци.   Стефан Димитров им е единствен излез кон градот, друг спореден нема. Од ЈКП Дервен информираа дека нивната обврска е одамна завршена и не е нивна задача да се покрие улицата, било со цемент или со асфалт. Од локалната власт најавија дека  набргу овој проблем ќе биде решен.

Со подобрувањето на временските услови, ќе продолжат градежните активности, кои се одвиваат на повеќе улици и локации во градот. Ќе биде завршена и улицата Стефан Димитров – изјавија од Општина Велес. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »