речник контакт

Воената вежба „Одлучен удар 21“ на дело во Криволак (фото)

Повеќе вежбовни активности на полигонот Криволак се изведоа денес, во рамките на вежбата „Одлучен удар“

Петар Печков

Група незадоволни мештани го блокираа локалниот пат, каде требаше да мине конвој на АРМ. Во групата имаше и повредено лице. Постапувајќи по војничките протоколи и во разговор со групата, војниците го надминаа проблемот а мештаните ги пуштија да продолжат со движење.

Ова беше една од неколкуте показни вежби, која беше изведен на армискиот полигон Криволак, во рамките на вежбата  „Одлучен удар 21“. Беше изведено и боево гаѓање на одделение на припадници на АРМ, како и  на војската на САД.

„ Концептот на вежбата се базира на фиктивно сценарио, кое треба да ја покаже подготвеноста на НАТО силите  за изведување на колективна одбрана, за подоцна да премине во против напад. Целта е да се покаже можноста на македонската армија, за поврзување со други армии членки на НАТО, во случајот  Вториот пешадиски баталјон на АРМ со  Четвртата Бригада за асистенција и поддршка на Армијата на  САД“кажа потполковник Стојанче Костов, командант на Вториот пешадиски баталјон

„Ги вложивме сите сили и капацитети со цел организирање на највисоко можно ниво да се одвив вежбата. Со тоа ќе покажеме пред НАТО партнерите дека сме достојни сојузници и сме подготвени да учествувавме во сите натамошни вежбовни активности и мировни операции, заедно со нив“ -рече  потполковник Тони Јаневски, портпарол  на Генералштаб на  АРМ

Заради транспорт на армиските возила на САД, кои учествуваат на вежбата, а со воз беа транспортирани од Солун до Криволак, Македонски железници, изврши репарирање на пругата во должина од 4 км, од железничка станица Криволак до воениот полигон.

Активностите на воената вежба „Одучен удар 21“ започнаа на 17-ти мај а завршуваат на 2-ри јуни. На неа учествуваат 1,5 илјади војници од Македонија, САД, Грција и Бугарија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »