Петар Печков
Објавено: понеделник, 31 јули 2017
Шест воени возила на војската на САД и на Армијата на Македонија беа дел од неделната презентација.
Оваа активност на двете армии беше во рамките на вежбата „Draggon Guardian 17“ која започнува денес на полигонот Криволак, односно во рамки на цивилно- воената соработка меѓу двете земји.
На паркингот и игралиштата позади Гимназијата во Велес беа презентирани воени возила и други воени средства на армиите на Македонија и на САД.
Велешани со голем интерес и љубопитно ги разгледуваа одблиску воените возила некои од нив и се фотографираат за спомен со американските и македонските војници.
Tweet |