речник контакт

Воз го прегази синот и братот, пред очите на таткото и четирите малолетни сестри

Семејна трагедија на бегалци од Авганистан

Петар Печков

Ноќеска нешто по полноќ, на железничката станица кај село Згрополци, на пругата Велес - Градско, воз прегази човек а од него останале само делови. Трагедија е што прегазениот бил бегалец од Авганистан кој заедно со татко му и четирите малолетни сестри  бегале кон земјите на ЕУ. Несреќата се случила пред очите на најблиските. Веста ја потврдија од велешката полиција  Според нив несреќата се случила околу 20 минути по полноќ, кога товарниот воз кој од Куманово сообраќал кон Солун, удрил во лице кое било на пругата. 

Дваесетгодишник од Авганистан, кој илегално престојувал во Македонија е прегазеното лице од товараниот воз  на МЖ: Таткото беше  на местото и според тоа што е пронајдено  таму, го идентификуваше синот. На лице место пронајден е дел од телото, обувки, облека и траги од крв  – изјави Анита Стојковска портпарол на СВР Велес.

Според изјавата на таткото дадена во полиција, тој и децата спиеле покрај пругата, не очекувале дека ќе мине воз, а синот бил токму на  шините и немал време да се разбуди и скокне кога возот дошол, по што бил прегазен.  44 годишниот татко, нашол сили и го погребал сопствениот син во близина на пругата со камења, по што со ќерките го продолжиле патот за Скопје. Утрово околу 6,20 часот тие  на полицијата на железничка станица во Скопје го пријавиле настанот, дека нивниот син и брат бил прегазен од воз. 

Несреќата ја пријавил уште ноќта и   вработен во Македонски железници на  станица во Згрополци, дека возот   удрил во непознато лице кое се наоѓало на шините.  Екипа на СВР Велес и  јавен обвинител биле на увид на местото на несреќата.

Во текот на вчерашниот ден, повеќе лица сведочеа дека низ Велес виделе голем број емигранти. Околу 15 часот, на враќање од работа, од Кавадарци, виделе две големи групи од по 30 лица на мостот на Тополка и на мостот кај Вардар кај мотел Македонија. Други пак, жители од околината на Железничка станица Велес виделе четири групи од по 10 лица во вечерните часови како одат по неа кон Скопје. 

Некој ги научил дека пругата од Гевгелија кон Куманово води кон Скопје а потоа и Србија, и тие строго се придржуваат по неа. Кога не користат илегален превоз со автомобили, одат пеш по неа – велат до железничката станица во Велес, од каде сведочат дека често се случува групи од по 5 до 10 лица да ги видат на пат кон Скопје.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »