речник контакт

Воз удри во мечка во тунелот во Богомила

Друга мечка пак ги напаѓа кравите во велешко

Петар Печков

Воз кој сообраќал на релацијата Битола - Скопје изминатата седмица удрил во мечка. Несреќата се случила во тунелот кај Богомила околу 20 часот. Според жителите на селото Богомила, до неа дошло откако претходно на истото место возот удрил во три крави, чии мрши останале на пругата.

Мечката почувствувала дека има храна во близина па влегла во тунелот да го изеде месото. Но имале лоша среќа кога наишол возот кон Велес и ја удрил. Мечката беше тешка околу половина тон и среќа е што возот кога удрил во неа,  немал последици – велат богомилчани.

Месото од мечката бргу го разграбале мештаните а нејзината жолчка е посебно ценета оти се користи во фармацевтската индустрија. Се купува и до 500 евра.  Овиј инцидент го потврдија и од Македонски Железници. 

Друга мечка пак во близина на селото `Рлевци изминатиот месец нападна и задави три крави, а една во селото Сливник. Мештаните инцидентот го пријавиле кај надлежните во Министерство за земјоделие и шумарство, со барање да бидат обештетени, оти мечката е заштитено животно.

Но биле одбиени.Со образложение дека кравите ги носеле на паша во делот каде е живеалиштето на мечката, што за мештаните е единственото пасиште во околината. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »