Петар Печков
Објавено: понеделник, 10 ноември 2014
Утрово ова на Македонски железници усмрти бегалец емигрант, кој се движел по пругата. Настанот се случил во Велес, во близина на спортската сала Гемиџии, нешто пред 6 часот. Според очевидците група од 20-тина лица се движела по пругата Кочани - Велес, кога наишол товарен воз од правецот Гевгелија за Скопје.
Од необјасниви причини лицето ја напуштило групата и преминало на пругата каде сообраќал возот, по што бил удрен и починал на лице место. По ова бегалците се разбегале, но наишла друга група од 10-тина лица, која била приведена од страна на полицијата, додека вршела увид.
Од СВР Велес информираа дека се работи на откривање на идентитетот и возраста на лицето, за кое е извесно дека е бегалец од Блискиот исток. Ова е петта жртва на беглаци емигранти, кој загинаа во четири одвоени железнички несреќи, сите на пругата Велес- Гевгелија. Поради несреќата железничкиот сообраќај на пругата Велес – Гевгелија три часа беше во прекин.
Tweet |