Петар Печков
Објавено: четврток, 16 мај 2013
К.Ѓ. ( 62 год) од Велес со место на живеење во Скопје попладнево излета со неговото возило југо и заврши покрај патот. Среќна околност е што мина со полесни повреди. Сообраќајката се случила околу 16,45 часот на регионалниот пат Велес – Градско, кога К.Ѓ. со возилото југо се враќал од Гевгелија.
Пред надвозникот кај Грнчиште, тој излетал и завршил во блиските дрвја. Со брза интервенција на Итната помош, пожарникарите изваден е од возилото и транспортиран до велешката болница. Од таму велат дека повредениот минал со полесни повреди, нема скршеници и е надвор од животна опасност, но ќе остане таму заради следење на состојбата.
Tweet |