Петар Печков
Објавено: сабота, 20 јануари 2018
Петокот вечер, 19.01.2018 година околу 19,30 часот на регионалниот пат Градско-Велес, се случила сообраќајка. Излетал автомобил, возачот завршил во Болница. МВР излезе со соопштение за настнаот.
На местото викано Скачинска Река - oпштина Градско, се случила сообраќајна незгода во која Н.Н. (27) од Велес, управувајќи патничко моторно возило „Пежо-206“ со велешки регистерски таблици изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и удрил во земјен брег. Возачот бил пренесен во општата болница во Велес, каде бил задржан за понатамошно лекување - стои во писмената информација на МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Велес и работат на целосно расчистување на случајот.
фото: архива
Tweet |