Петар Печков
Објавено: среда, 01 јули 2026
Од денешниот билтен на велешката полиција два настани, каде возачите настрадаа, еден и почина.
„На 30 јуни во СВР Велес е пријавено дека околу 18:30 часот на ул. „Сараевска“ во Велес, трактор „имт“ со приколка, со велешки регистарски ознаки, управуван од С.И.(50 год) од село Бузалково, велешко, излетал од улицата и удрил во ѕид од куќа“ – информира Ана Милевска Ѓоргиева, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.
„Примен е пациент кај кого по извршени снимања констатирана скршеница и поради карактерот на повредата пренсен на лекување во Клинички во Скопје“ – кажа д-р Анамарија Џунџева портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.
Вчера напладне во кавадречко село, додека управувал камион, возачот паднал во провалија и починал. За да се извади телото од бездната, побарана помош од „Тигрите“.
„На 30 јуни во СВР Велес е пријавено дека околу 13:00 часот во близина на село Мрежичко, кавадаречко, при истовар на земја од товарно возило „ман“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.К.(56) од Кавадарци, возилото се превртело и паднало во провалија. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал И.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Од страна на алпинистички тим од Специјалната антитерористичка едница „Тигар“, Територијалната противпожарна единица Кавадарци и полициски службеници од ОВР Кавадарци, телото на починатиот и возилото биле извлечени од провалијата“ – соопшти МИлевска Ѓоргиева.
По наредба на јавен обвинител телото било предадено за обдукција во Институт за судска медицина.
фото интернет
| Tweet |




