Петар Печков
Објавено: четврток, 12 јануари 2023
Денес 12 јануари, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Велес на автопатот А1 реализираа превентивна активност во рамки на кампањата “Користи зимска опрема“.
“На возачите им се укажуваше за важноста и за законската обврска за задолжително поседување и носење на зимска опрема за возилата, а во интерес на нивната безбедност, како и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот’- соопштија од МВР.
На возачите им биле делени едукативни печатени материјали, за користење на зимската опрема, обезбедени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Tweet |