речник контакт

Возачот на камионот нема да одговора за сообраќајка во која почина таксист

Обвинителството по прибраните докази констатирало дека вината за настанатата сообраќајна незгода е на страната на починатиот таксист

Петар Печков

Возачот на камионот не е виновен за сообраќајката која се случи лани во март во Велес и во која загина такси возач, па нема да одговара пред Суд.

Велешкото Јавно обвинителство разгледувајќи ги сите материјали за оваа сообраќајна несреќа донело одлука да нема кривична постапка.  Сообраќајка се  случи пред бензинската ,,Црна река,,   на  крстосницата од ул. „АСНОМ“ и ул. „Андон Шурков“  

По извршена обдукција на телото на починатиот, вештачење на трагите подигнати при вршењето на увидот и сообраќајно вештачење,  констатирано е дека вината за настанатата сообраќајна незгода е на страната на сега починатиот поради што предметот е завршен со резолуција дека нема да се води кривична постапка – одговорија на  поставеното прашање од ОЈО Велес.

Сообраќајната незгода се случи  на 29 март лани  година околу 10 ч. во која почина возач на такси-возилото автомобил ,, Даеву Матиз“  С.А.(45) од Велес кој удри во  камион “Мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.А. (24) од село Бузалково.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »